Одземени пасошите и изречена мерка претпазливост на професорите од УКИМ
Петтемина од вкупно осум осомничени за корупција на Економскиот факултет на УКИМ, кои завчера беа приведени во полициска станица, Обвинителството наместо мерка притвор им одреди мерка претпазливост – одземени им се пасошите и треба да се јавуваат во судот, соопшти денеска на прес-конференција јавната обвинителка Лидија Раичевиќ која ја води на преткривичната постапка во предметот „Еразмус“.
Во предметот, кој се обработувал во 2015 и 2016 година, се осомничени осум вработени на Економскиот факултет кои биле меѓусебно организирани во коруптивни дела, шест редовни универзитетски професори, еден демонстратор и управител на бифето на факултетот.
Одлуката за мерка претпазливост за петте осомничени била донесена по анализа на нивната здравствена состојба и по разгледувањето на нивните семејни и материјални околности, нивниот работен статус, какви планови имале за патување и дали имало можност за бегство или влијание врз сведоци.
– Од моментот кога обвинителот доби потврда од МВР дека сите докази се обезбедени одлучи да го замени предлогот за обезбедување мерка притвор во мерки за претпазливост. Овие мерки се благи и може делуваат како привилегија кон обвинитетите, но воопшто не значат тоа. Суштината на делата е многу тешка, се работи за посебни групи жртви, тоа се студенти кои во подолг период имале притисок и не можеле да ги полагаат испитите на регуларен начин. Со целокупниот професионален кредибилет ќе ја добие длабината на суштината што значи кривично дело корупција и злоупотреба на службената положба, рече Раичевиќ, додавајќи дека обвинителската одлука ќе ја објави по давањето на нивните одбрани во законита постапка.
Останатите тројца осомничени за кои постапката не е итна и не се задржани во полициска станица, во наредните денови ќе одат на разговор кај јавниот обвинител.
