ОДЗЕМЕНИ ИНГЕРЕНЦИИ ВО МВР: Ослабени функции на државата или департизација на полицијата?
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со телеграма ги известил сите раководни лица дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР до денот на изборот на новите членови на владата, односно до неговиот избор.
Спасовски веднаш по изборот на брифинг појасни дека во МВР не доаѓа за да пие кафе туку за да спроведе суштински промени во однос на досегашното работење и да воведе ред во полицијата.
Сепак, поранешната министерка Гордана Јанкуловска смета дека со ваквата одлука во прашање се доведени функциите на државата. Таа коментирајќи ја најновата одлука на Спасовски.
Јанкуловска на Твитер предупреди: „Функциите на државата се доведени во прашање!“
Од владејачката ВМРО ДПМНЕ немаа официјален став, но сепак, некои нивни членови сметаат дека со одлуката на Спасовски се прекршува договорот од Пржино.
Оваа телеграма синиќа осамна на неколку медиуми. Дел од медиумите го критикуваа ваквиот потег на Спасовски, додека некои пренесоа изјави на анонимни експерти според кои одлуката на новиот министер е сосема правилна и во согласност со законот.
Поставувањето министер на полиција беше дел од пржионскиот договор, откако прислушуваните материјали обелоденија бројни малформации во раководењето со ова министерство.
Слично
