Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одземена лиценцата на Дајнерс клуб Словенија

Одземена лиценцата на Дајнерс клуб Словенија
Лиценцата за платни услуги на Дајнерс клуб Словенија е одземена од страна на Словенечката централна банка, објавено е во Љубљана. Трансакциите во Словенија и странство од вчера не е можно да се плаќаат со тие картички, а во Словенечката централна банка не се наведуваат причините за одземање на лиценцата. Медиумите наведуваат дека станува збор за околу 80.000 издадени картички на Дајнерс кубот, пренесе Танјуг. Дајнерс клубот Словенија е во сопственост на компанија регистрирана на Девствените острови, која ја контролира влијателниот словенечки бизнисмен Томаж Ловше, кој засега не достапен за коментар.
Слично

Поврзани вести