Oдземен му е пасошот на Горан Грујевски
На поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски му е одземен пасошот.
Судија на претходна постапка го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство, кое бараше притвор за Грујевски, наместо тоа му е одземен пасошот.
Грујевски е осомничен во случајот „Тврдина“, и се товари дека го организирал уништувањето на опремата за прислушување во МВР. Во истиот случај е осомничена и екс министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и уште три лица вработени во МВР.
Грујевски и Јанкуловска денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје.
Јанкуловска денеска изјави дека е спокојна, затоа што не сторила никакво кривично дело и додаде дека во периодот кога била министерка, раководела професионално со МВР.
Слично
