Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оџаци има, оџачари слабо - дали професијата изумира?

Оџаци има, оџачари слабо - дали професијата изумира?

Младите не сакаат да се занимаваат со чистење на оџаци затоа што ова работа е стресна, тешка, и валкана, раскажува оџачарот Бобан Јаневски од Куманово кој веќе 15 години работи како оџачар. 

Тој има 45 години и вели дека во градот е еден од ретките кои се занимаваат со оваа дејност, а младите не се заинтересирани што значи дека професијата изумира. Вели работа има само неколку месеци, и тоа ги демотивира младите. 

„Заработката не е голема, се работи сега од октомври, се пали оган, се чистат оџаци. Има и во јануари работа, и најдоцна во март. Преку лето јас не работам. Цената зависи од оџакот. Има оџаци кои не се чистени по 40 години и услугата може да чини од 500, 600  па се до 1500 денари, зависно дали е куќа или зграда. Во месецот може да исчистам по 20-30 оџаци, а  цела сезона може да бидат 100 или 200 оџаци. Сепак, работата не е лесна, еве сега врне и ако ме викаат да чистам оџак, морам да одам и да ја завршам работата“ - објаснува Јаневски. 

Toj решил да стане оџачар откако по завршувањето на средното ветеринарно училиште не успеал да најде работа по струка. Прво почнал да работи како самоук оџачар, а потоа завршил и курс. 

Редовното чистење оџаци е добро за заштита од пожари, додава Јаневски и препорачува граѓаните да не ја забораваат оваа обврска. 

Од оваа работа не може да се живее, но може да се обезбедат дополнителни приходи за потполнување на домашниот буџет. 

Сања Атанасовска



Слично

Поврзани вести