Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДРОНИ НА КАРПИ, ПОПЛАВИ, ЕВАКУИРАНИ УЧЕНИЦИ: Невреме ја зафати Грција

ОДРОНИ НА КАРПИ, ПОПЛАВИ, ЕВАКУИРАНИ УЧЕНИЦИ: Невреме ја зафати Грција

Делови од Грција денеска се во хаотична состојба, откако ги зафатија врнежи од дожд и предизвикаа поплави. 

Одрони на карпи и поплави има на островот Закинтос, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Противпожарната служба ноќеска примила десетици повици за помош и интервенирала во поплавени домови, а пак дождот предизвикал проблеми и на повеќе улици.

Силниот и обилен дожд предизвикал поплави во Атина, а од бројот 112 за итни случаи до жителите е испратена порака да го ограничат движењето.  Повеќе централни булевари се поплавени. Како што објави грчката државна телевизија „ЕРТ“, во едно основно училиште и во градинка во Атина поплавени се училниците што се наоѓаат на приземје, а децата ги префрлиле на повисоките катови. 

Лани во август и септември имаше силно невреме во Грција. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести