Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДРЕДЕН ПРИТВОР ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ КОЈ СЕ ПРЕВРТЕ - не е точно дека му е ампутирана ногата, има полесни повреди

ОДРЕДЕН ПРИТВОР ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ КОЈ СЕ ПРЕВРТЕ - не е точно дека му е ампутирана ногата, има полесни повреди

На возачот на српски автобус со регистрација од Шабац со 49 деца, српски државјани, кој синоќа имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, на автопатот Тракија, му е одреден 24 часовен притвор, соопшти бугарската полиција.

Иако синоќа се појавија информации дека на возачот му е ампутирана ногата, тој наводно се здобил со полесни повреди и според се уште неофицијални информации има скршеница на раката. Синоќа му биле тестирани алкохол и дрога, но двата резултати биле негативни.

Доцна синоќа автобусот е отстранет од местото на несреќата, но сообраќајот на тој дел од патот се уште не е прооден.

-Колегите веднаш излегоа на местото на настанот. Утврдено е дека се работи за излетан автомобил со српски регистарски таблички во кој имало 48 државјани на Србија. Возилото под неразјаснети околности излетало од патот во канал. Според првите информации, во Ургентниот центар биле прегледани 28 патници, од кои 14 се задржани на лекување. Три деца се во тешка состојба - соопшти бугарската полиција.

Како што објавивме, едно дете е во критична состојба. 

Слично

Поврзани вести