Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одобрувате ли употреба на канабис во медицински цели?

Одобрувате ли употреба на канабис во медицински цели?

Наскоро канабисот ќе биде достапен и во нашата земја за употреба во медицински цели, но ќе се најде под строга контрола и надзор.

Ова денес го соопштија од Министерството за здравство од каде велат дека до февруари следната 2016 година ќе се легализира марихуаната за медициснки цели.

Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Велика Британија, Словенија и Хрватска се земјите во кои е легализирана марихуаната, а доколку и Македонија ја дозволи, ќе бидеме 14 земја која го користи канабисот во медицината.

Министерот Тодоров денеска соопшти дека е изготвен предлог закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци во насока на легална и контролирана употреба на производи од канабис за медицински цели и истиот вели дека  ќе им помогне на голем број на граѓани кои се борат со сериозни болести и имаат потреба од лекување на природен начин.

Што мислите вие за овој предлог? Дали одобрувате употреба на марихуана за медицински цели?

Слично

Поврзани вести