Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА: Најмногу се градело во полошко

ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА: Најмногу се градело во полошко

Во февруари 2017 се издадени 363 одобренија за  градење што е за 8.4% повеќе во однос на истиот месец лани. 

Според  податоците на Државниот завод за статистика, во вардарскиот регион се издадени 17 одобренија за градба, во источен 28, во југозападен 33, во југоисточен 43, пелагониски 21, полошки 115, североисточен 10, скопски 96 одобренија. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 369 524 илјади  денари што е за 8.5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 265 (73.0%) се наменети за објекти од високоградба,  25 (6.9%) за објекти од нискоградба и 73 (20.1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 363 објекти, на 280 (77.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 (22.9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 72 177 м2.

Слично

Поврзани вести