Одобрена изградбата на 14 пливачки базени
Владата на денешната седница го одобри отпочнувањето на реализацијата на проектот за изградба на 14 пливачки базени, односно се одобрува склучувањето на Договор за повеќегодишна јавна набавка за нивно подигнување.
Во првата година, односно во 2019-та, ќе се потрошат 30 милиони денари преку буџетот на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.
Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните 3 години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година.
Базените ќе се градат во Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, а општините треба да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба.
