Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одобрена 12 емисија на хартии од вредност на Халк Банка

Одобрена 12 емисија на хартии од вредност на Халк Банка

Нова емисија акции на Халк банка и одобри Комисијата за хартии од вредност.

Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност УП 1 Број 10-70 од 26.07.2016 година одобрена е 12-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда Халк Банка А.Д. Скопје.

Односно, Халк Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 73.949 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000,00 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 739.490.000,00 денари.

Вкупниот капитал на Банката по извршената дванаесетта емисија на акции изнесува 3.633.180.000,00 денари, а вкупниот број на акции е 363.318 обични акции со номинална вредност 10.000 денари по акција.

Купувач на целата емисија на акции од 12-та емисија е мнозинскиот акционер на Банката, Халк Банкаси А.Ш. Турција со седиште на Барбарос Махаллеси, Шеббој Сокак бр.4, 34746 Аташехир Истанбул, Р. Турција.

Слично

Поврзани вести