Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одобрен буџетот на Грција за 2013 година

Одобрен буџетот на Грција за 2013 година

Со 167 пратеници од 300-члениот Парламент Грција го одобри буџетот за 2013-та. Новиот буџет предвидува заштеди од над девет милијарди евра кои ќе ги погодат се платите во јавниот сектор, пензиите и социјалните бенефиции. Дефицитот ќе се зголеми, а прогнозираниот пад на БДП-то изнесува 4,5 проценти.

Јавниот долг се зголемува од 175 на 189 отсто од БДП или околу 350 милијарди евра. Ова е повторно далеку над условот од Унијата која бараше јавен долг од 120 проценти во 2020 година.  Сега се чека средбата на министрите за финансии од еврозоната, кои треба да одлучат дали ќе и ја дадат новата транша помош на земјата од 31,5 милијарди евра со што ќе биде избегнат банкрот.  Според германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и неговите колеги од еврозоната допрва ќе оценуват дали мерките што ги усвои Парламентот се соодветни на потребните реформи. Сепак најавите се дека денеска нема да биде донесена конечна одлука за доделување на помоѓто кон Грција
Слично

Поврзани вести