Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДМАЗДА ИЛИ НЕШТО ДРУГО: „Рајанер“ би одлетал од оваа земја, само не му дозволуваат

ОДМАЗДА ИЛИ НЕШТО ДРУГО: „Рајанер“ би одлетал од оваа земја, само не му дозволуваат

Нискобуџетната авиокомпанија Рајанер доби забрана од холандскиот суд за затворање на својата база во Холандија и за преместување на својот персонал на друга локација. Како објаснување за забраната за преместување, судот, наведува дека ирската компанија ги злоупотребувала овластувањата што ги има како работодавач.

Авиокомпанијата „Рајанер“ минатиот месец најави дека на 5ти ноември ќе ја затвора својата база во Ајндховен и ќе ги премести своите 16 пилоти од тој аеродром на локации во странство со цел да ги намали трошоците, објави Ројтерс.

Судот смета дека компанијата не објаснила зошто преносот е неопходен и смета дека одлуката на компанијата била донесена како „одмазда“  за штрајковите на кои се приклучија холандските пилоти. 

Слично

Поврзани вести