Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одлуката за распуштање на Собранието е поништена

Одлуката за распуштање на Собранието е поништена

Уставниот суд денеска одлучи да ја поништи одлуката со која беше распуштено Собранието.

Сите девет судии  го прифатија предлогот на пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Минатата среда беше поведена постапка и беше изразено сомневање дека одлуката за самораспуштање на Собранието е против уставна. Беше изречена времена мерка за стопирање на сите дејствија што произлегуваат од неа, а тоа се одлуката за распишување избори на 5 јуни и преземените изборни дејствија од Државната изборна комисија. Денешната одлука стапува  на сила со објавувањето во Службен весник.

Собранието беше распуштено на 7 април.

Слично

Поврзани вести