Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одлуката за повисока минимална плата помина на Влада

Одлуката за повисока минимална плата помина на Влада

Владата денеска на седница ги усвои за законските измени за минимална плата од 18.000 денари. 

„Со овие измени со кои најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари, во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика“, објави прес-службата на Владата.

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, во „Студио 10“ на 24 Вести рече дека газдите ќе се соочат со кривични пријави доколку од 1 март не исплаќаат зголемена минимална плата од 18.000 денари. За тоа однапред ќе бидат писмено известени од гранковите синдикати.

Откако вчера беше објавено дека на трипартидниот состанок е зголемена минималната плата на 18.000 денари, Димовски откри дека просечната плата сега ќе се зголеми на 30.250 денари.

Слично

Поврзани вести