Одлуката на Уставен суд ја поздрави Ахмети
Претседателот на Демократската унија за интеграција денеска ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која, како што наведува на неговиот Фејсбук профил, ќе се овозможи повторно заседание на Собранието.
„Ја поздравувам денешната одлука на Уставниот суд со која се овозможува враќање на работата на Собранието, како прв чекор и неопходен за решавање на сериозната политичка криза. Ги повикувам сите лидери, медиумите и граѓанското општество да дејствуваат со целосна одговорност имајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа нашата земја и да се придонесе за враќање на безбедноста, стабилноста и силно да се заложат за сериозната реформска агенда“ - пишува Ахмети на Фејсбук.
Стопирани се сите дејствија што произлегуваат од Одлуката за распуштање на Собранието, вклучувајќи ја Одлуката за распишување избори на 5 јуни и изборните дејствија што ги презема ДИК. Уставниот суд денеска едногласно одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието.
