Одлуката на Трамп уште ги дрма пазарите: Нафтата скока ли скока!
Цените на нафтата достигнаа нови врвови во четвртоко како резултат најавата за нови санкции од страна на САД кон Иран, кој е еден од најголемите извозници, а сето тоа се случува при затегнатите односи на пазарот, резимира Ројтерс .
САД планираат да воведат нови санкции против Иран, кој обезбедува околу 4% од светските резерви на нафта, откако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од договорот постигнат во 2015 година. Договорот ги ограничи нуклеарните амбиции на Техеран во замена за укинување на санкциите од страна САД и Европа.
Утрото американската сурова нафта поскапе со 0.72% до 71,65 долари за барел, достигнувајќи највисока вредност од ноември 2014 година . Сортата Брент се тргува за 77,71 долари за барел, имајќи го предвид зголемување од 0, 73%. Ова е највисока цена за Брентот од ноември 2014 година.
Во Кина, која е најголемиот купувач на иранска нафта, фјучерсите на "црното злато" на берзата во Шангај забележаа најголем раст во цената во рок од еден ден од 4% до рекордни 73,40 долари за барел.
Според Goldman Sachs поради проблеми со снабдувањето и од други точки на светот - особено во Венецуела, цените на сортата Брент текот на летото може да достигнат 82,50 долари за барел.
Аналитичарите речиси немаат надеж дека САД ќе се откажат од наметнувањето на санкции.
"Европа и Кина нема да се борат против санкциите на САД. Тие ќе жалат и на крајот ќе ги прифатат. Ако гледаме реално, никој нема да го избере Иран пред САД ", велат од енергетската компанија ФЕГ.
Според нив ќе биде вратено претходното ограничување за извозот од 1 милиони барели нафта на ден, а прогнозата на експертите е веќе за цена од 90 до 100 долари за барел, со приближувањето на ноември, кога ќе истече 180-дневниот период пред да бидат воведени евентуални санкции.
Резервите на сурова нафта во САД паднаа со 2,2 милиони барели во текот на првата недела од мај до 433,76 милиони барели според Администрацијата за енергетски информации.
Фото: ројтерс
