Одлуката на СДСМ за непризнавање на изборите стигна до Брисел
Запознаени сме со изјавата на лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, господинот Зоран Заев кој изрази длабоко разочарување за изборниот процес, и неговата одлука да не ги признае изборите, потврди Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Според Стано, Европската комисија очекува да ги види оценките на меѓународните набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за текот на изборите пред да ја донесе својата одлука за текот на изборите во Македонија и да им го честита изборниот успех на победниците.
„Но, оваа ситуација е неповолна за земјата. Во овој контекст, сите политички лидери мора целосно да бидат свесни за нивната одговорност. Европската унија ја изразува својата цврста поддршка кон ОДИХР и нивната Набљудувачка мисија“, рече Стано.
Слично
