Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одлуката на СДСМ е бојкот, напорите на странците ќе продолжат

Одлуката на СДСМ е бојкот, напорите на странците ќе продолжат
Централниот одбор на СДСМ ја потврди одлуката за бојкот на изборите, на седницата на ЦО која траеше до доцна во ноќта. Како што и вчера објави Фактор на седницата имало мислења и за и против учеството на СДСМ на изборите под условите кои ги наметна владејачката коалиција. Сепак, преовладеала одлуката за бојкот на изборите и покрај внатрешниот притисок во партијата од дел од претставнците на општините под контрола на СДСМ за учество на изборите, што било разбирливо со оглед на барањата на членството на партијата во тие региони. Се очекува во наредните денови да продолжат напорите на странскиот фактор за интензивном изнаожање на решение за политичката криза, со оглед дека вчера мисиите на САД, ЕУ и ОБСЕ порачаа дека тоа треба да биде императив на политичките партии во следните неколку денови.
Слично

Поврзани вести