Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДЛУКАТА НА ДУИ-Обид за дефокус од истрагите на СЈО или бетонирање на 5 јуни?

ОДЛУКАТА НА ДУИ-Обид за дефокус од истрагите на СЈО или бетонирање на 5 јуни?

Што се крие зад одлуката на ДУИ која синоќа како гром од ведро небо ја донесе одлуката за повлекување од Владата е прашање кое многумина си го поставуваат.

Аналитичарите и политичките опоненти со поделени мислења.

Јани Макрадули смета дека уверувањето што  Ахмети му го даде на Груевски на 15 јануари се реализирало, односно дека  ДУИ му помага со напуштањето на Владата да го бетонира 5-ти јуни.

Со став дека овој потег е обид да се бетонираат изборите закажани за 5 јуни излегоа и опозициските партии.

Со слично мислење, односно дека причината поради која е донесена одлуката на ДУИ е да се обезбеди со сигурност дека парламентарните избори ќе се одржат на 5-ти јуни се и провладините медиуми.

Извори од албанскиот блок пак сметаат дека оваа одлука е сценариот за продлабочување на кризата и враќање на состојбите пред Договорот од Пржино.

Дел од аналитичарите пак сметаат дека одлуката на претседателството на ДУИ е обид да се дефокусира јавноста од истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Притворот за началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски кој е и првоосомничен во истрагата на СЈО за предметот „Тврдина“, како и се позачестените настапи на специјалните обвнители се практично одговор на владеачката коалиција ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Партиски извори тврдат, во партијата на Ахмети, наводно биле многу гневни на објавувањето на прислушкувани материјали на социјалните мрежи, па поради тоа се одлучиле на овој потек за повлекување од Владата.

Одлуката за напуштање на владата од страна на партијата на Али Ахмети беше донесена доцна ноќеска. Во кратката порака не се наведуваат причините за заминувањето на владата. ДУИ е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ 10 години. Во службениот кабинет на Димитриев ДУИ има 9 од вкупно 26 министри, што е повеќе од една третина од целиот состав на кабинетот, но како што спомнавме тие се повлекоа.

Во наредните денови се очекува „ДУИ да ја информира јавноста во земјата и странство за своите наредни активности“.

Во последната недела се зголеми притисокот врз оваа партија скандал поради распространети записи од разговори меѓу министрите и лидерите на ДУИ во социјалните мрежи. Ахмети лично го повика Специјалното обвинителство на Катица Јанева да го направи неопходното за повлекување на снимките од мрежата.

Американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли исто се изјасни за запирање на јавното обелоденување на записите и за нивното предавање на Специјалното обвинителство.

Согласно синоќешната одлука Демократската унија за интеграција повлекува девет министри од Владата.

Прочитајте ја и оваа статија: [button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/04/01/mozhni-stsenarija-shto-po-izleguvaneto-na-dui-od-vladata/" target="blank" ]МОЖНИ СЦЕНАРИЈА: Што по излегувањето на ДУИ од Владата?[/button]

Слично

Поврзани вести