ОДЛУКА: Унгарија на полноќ ја затвора границата со Хрватска
Унгарија ја затвора границата со Хрватска од полноќ, објави министерот за надворешни работи Петер Сирто, пренесоа медиумите.
„Советот за национална безбедност одлучи од утре, сабота, Унгарија да пристапи кон целосно исполнување на Шенген обврските по унгарско-хрватската граница. Со други зборови, ќе ја затвориме границата од полноќ“, изјавил министерот.
Досега оваа граница беше главниот премин низ кој минуваа десетици илјади бегалци и мигранти, кои се насочиле кон северна Европа.
Слично
