Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДЛУКА: Породилното сепак ќе го плаќа Фондот за здравство

ОДЛУКА: Породилното сепак ќе го плаќа Фондот за здравство
Фондот за здравствено осигурување и во иднина ќе го исплаќа надоместокот за породилно отсуство, откако не помина моделот со кој се планираше товарот да падне на фирмите, а потоа ФЗОМ да им ги рефундира парите. Согласно усвоениот модел, средствата за породилно отсуство и боледување воопшто нема да зависат од фирмите, а ќе се исплаќаат дури и ако фирмата отиде во стечај или доколку на вработените на определено време им истече договорот додека се на отсуство. „Единствен услов за отпочнување на породилното отсуство или боледувањето е фирмата последните 6 месеци редовно да ги исплаќала придонесите за осигурениците. Родилките и болните ќе ги добиваат средствата од Фондот дури и ако фирмата отиде во стечај додека им трае боледувањето“, вели директорката на Фондот Маја Парнаџиева-Змејкова. Серијата законски измени треба да овозможат поредовно и навремено исплаќање на породилното отсуство. Ќе се предвидат и рокови во кои до Фондот ќе треба да се доставуваат потребните документи, а ќе се олеснат и административните процедури. Породилните отсуства и боледувањата ќе се отвораат електронски, со поднесување на еден документ, а останатата документација ќе треба да ја обезбеди Фондот по службена должност. Во буџетот за догодина се планираниу околу две милијарди денари за надоместоци за боледувања и породилни отсуства.
Слично

Поврзани вести