ОДЛУКА НА ДЕЦЕНИЈАТА: ФЕД ги подигна каматните стапки
За прв пат после речиси една деценија Федералните резерви на САД ја зголемија основната каматна стапка. Централната банка сигнализираше дека темпото на следните зголемувања ќе биде "постепено" и во согласност со првичните прогнози. Федералната комисија за отворен пазар (ФКОП) едногласно ја зголеми каматата на федералните фондови за 0,25%, зголемувајки ги до ниво од 0,5%.
Прогнозата на американските високи банкари е за пораст на основната камата до 1,375% до крајот на 2016 година.
Тоа значи дека за следната година се поставени 4 зголемувања со четвртина поен, базирани на просечна прогноза на 17-те раководители на ФЕД.
"Комисијата истакна дека постои значително подобрување на условите на пазарот на труд во оваа година и е целосно уверена дека инфлацијата ќе се зголеми на среден рок, за да стигне до поставените како цел 2%", се вели во соопштението на ФКОП по 2 -дневна средба во Вашингтон.
Банката на федерални резерви објави дека ја зголемува каматата, „со оглед на економските перспективи, и признавајќи дека е дојден моментот за политички активности кои влијаат на идните економски резултати“.
Зголемувањето става крај на невиден период на рекордно ниски каматни стапки, кои беа дел од вонредни и доста контроверзни политики на ФЕД, наменети да ја стимулираат американската економија по крајот на катастрофалната финансиска криза од времето на Големата депресија.
ФКОП ја намали основната каматна стапка речиси до 0 во декември 2008 година, 3 месеци по колапсот на инвестициската банка Леман брадерс (чиј крах го означи почетокот на светската финансиска криза), и 10 месеци пред невработеност во САД да достигне рекордни 10%.
"Оваа акција признава значителниот напредок што беше постигнат во зголемувањето на вработеноста, на приходите и олеснување на економските тешкотии на милиони Американци", изјави претседателот на ФЕД Џенет .
Таа изјави дека е изненадена од новото намалување на цените на нафтата и изрази надеж дека ќе се стабилизираат, за да се зголеми инфлацијата во САД.
