Одложување на плаќањето на кредитите и после 1 октомври, но банките ќе одлучуваат на кому
Плаќањето на ратите од кредитите ќе може да се одложува и по 1 октомври, но банките ќе одлучуваат кому ќе може тоа да му се одобри, а кому не.
Како што дознава Алсат ТВ од банкарски извори, одложување ќе добијат само оние кои се повеќе финансиски погодени од корона-кризата.
Секоја банка ќе одлучува поединечно за секој случај посебно, врз основа на приливите на средства на корисниците на кредити.
Деталите се очекуваат за деновиве откако банакарскиот сектор ќе ги допрецизира со Народната банка, особено дали одложувањето ќе треба да го иницира должникот или кредиторот.
Слично
