Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДЛОЖУВААТ: Компанијата Фолксваген уште не ја отвори фабриката близу Измир

ОДЛОЖУВААТ: Компанијата Фолксваген уште не ја отвори фабриката близу Измир

Компанијата Фолксваген повторно ја одложува одлуката за отворање фабрика во Турција. 

Планот е во градот Маниса, во непосредна близина на Измир, да се изгради погон со годишен капацитет на производство од 300.000 автомобили. Предвидено беше до крајот на годинава да се почне со изградбата, а производството на автомобилите беше планирано за 2022 година.

„Имаме уште време и можеме тоа сигурно да го спроведеме до средината на годината“, изјави неименуван извор за британските медиуми.

Уште во декември, пренесуваат германските медиуми, од Фолксваген беше кажано дека одлуката ќе биде донесена во февруари.

Изворот запознат со одлуките во комапнијата вели дека Надзорниот одбор нема обврска да донесе одлука до крајот на февруари.

Фолксваген, поради турската воена офанзива во Сирија, минатата есен ја замрзна одлуката за инвестицијата тешка повеќе од милијарда евра во оваа земја.

Претходно во игра беа и други земји како Србија, Бугарија и Романија, но изборот падна на Турција. 

Слично

Поврзани вести