Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложено судењето на Савески и Куновски, приложени нови докази

Одложено судењето на Савески и Куновски, приложени нови докази

Судењето на членовите на „Левица“, Здравко Савевски и Владимир Куновски денеска повторно е одложено.

Обвинителката Снежана Бундалеска достави докази имотен лист дека местото каде се наоѓа Народната канцеларија на претседателот е во сопственост на Република  Македонија и одлука на Владата за привремено користење на просторот за оваа намена.

Одбраната побара рочиштето да се одложи за септември за да ги разгледаат доказите. Велат дека според доказите на одбраната, целата документација која ја подгнале од Катастарот укажува на повеќе сопствеништва на таа парцела.

На барање на одбраната Судот се согласи да им ја укине мерката на претпазливост, односно на обвинетите да им бидат вратени патните исправи и одлучи тие да се јавуваат во судот на секои две недели.

Главното судење е презакажано за 13 септември.

Савески и Куновски се гонат за учество во толпа која извршила кривично дело демолирање на Канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов на 14 април годинава, по неговата одлука за аболиција.

Слично

Поврзани вести