Одложено судењето на двајцата демонстранти Аризанов и Наковски
Се одложи и денеска судењето на демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски, кои се товарат дека ја демолирале канцеларијата на Иванов.
Судијката Весна Петровска-Тагасовска на претставникот на ОЈО му даде два дена рок да ја прецизира штетата, а процесот го одложи за в петок. Демонстрантите се товарат дека на 13 април во протестите против аболицијата на Иванов, ја искршиле канцеларијата на претседателот, за што се бара отштета од 880.000 денари или помалку од 15.000 евра.
На следното рочиште се очекува двајцата да го прифатат делото и да се спогодат со обвинителството за казната. Ако го сторат ова им следува три годишна условна затворска казна, ако не ќе следува судење.
Засега тие се во домашен притвор исто како и двајца членови на Левица, Левица Здравко Савевски и Владимир Куновски.
