Одложена седницата на ДИК, извештајот со спорни гласачи ќе почека
Државната изборна комисија синоќа не успеа да го усвои извештајот за спорните гласачи.
Седницата е одложена, но не се знае кога ќе се одржи. Почетокот на седницата се одлагаше неколку пати, а потоа ДИК информираше дека седницата е одложена. На седницата требаше да се разгледа и усвои извештајот од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци и да се одлучи колку од спорните гласачи теренски ќе се проверуваат.
Несогласувања меѓу партиските членови во ДИК имало околу спорните гласачи кои треба да се проверат на терен, а според други информации до последен момент се чекал извештајот да го подготват ИТ консултантите, по дополнителните тестови откако скоро 500.000 гласачи излегоа спорни.
Слично
