Одложена одлуката на Апелација за Вранишковски
Денешнотото рочиште на Апелациониот суд во Скопје за случајот на Јован Вранишковски беше одложено, откако затворските служби од Истражниот затвор-Скопје не го доведоа Вранишковски во судот и не понудија објаснување зошто не го донеле.
Судијата го закажа новото рочиште за 18 јули. Вранишковски, расчинетиот владика кој себеси се смета за поглавар на т.н. Православна охридска архиепископија, е обвинет за проневера на 250 илјади евра црковни пари. За ова дело тој е веќе осуден на 2,5 годишна затворска казна, но случајот сега е пред апелација.
За Вранишковски денеска се очекува да расправа и Саборот на Српската православна црква, откако македонскиот владика Тимотеј изјави дека тој нема ништо против Вранишковски да биде ослободен за да продолжат разговорите меѓу двете цркви. Синодот на МПЦ вчера расправаше за ова прашање, но мислењата на владиците се поделени - едни сметаат дека тој треба да си ја отслужи казната и дека МПЦ не треба да се меша во работата на судските органи, а други пак веруваат дека со ослободување на Јован Македонија ништо не губи, а може многу да добие особено во односите со СПЦ.
Слично
