Одложена комисијата за политички систем, Ѓорчев инсистира Јанева да го образложи извештајот
Претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Влатко Ѓорчев денеска повторно без присуство на пратениците од опозицијата, ја одложи седницата за разгледување на извештајот на Специјалното јавно обвинителство.
Причина за одлагањето е недоаѓањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Ѓорчев вели дека Јанева не го почитува Собранието, иако нема законска обврска лично да го образложи извештајот.
Ѓорчев не даде конкретен одговор кога ќе се одржи седницата, но кажа дека Јанева мора да се појави.
Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, кршење на Деловникот е да не се утврди дневниот ред, а да се одложи седницата.
Слично
