Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Србија го одложи стартот за изградба на „Јужен тек“?

Зошто Србија го одложи стартот за изградба на „Јужен тек“?

Изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во Србија треба да почне до крајот на јануари, најави српскиот министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ.

Според Бачевиќ,  првично најавениот почеток на изградбата е поместен, затоа што се очекува на свеченоста да присуствуват и претставниците на Русија. Тој појасни дека се било подготвено за почетокот на работите и дека првобитниот план за стартот на изградбата на гасоводот на 20 декември 2012 е поместен по барање на „Србијагас“, како оперативен носител на работите.

Србија има удел од 49 отсто во сопственост на  470 километри долгиот  гасовод кој минува низ 21 општини, 11 градови и десет региони на Србија, посочи Министерот.

Слично

Поврзани вести