Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одлична можност за студентите по осигурување: Конкурс за најдобар истражувачки труд и за најдобар есеј

Одлична можност за студентите по осигурување: Конкурс за најдобар истражувачки труд и за најдобар есеј

Одлична можност за студентите во насоката осигурување при Факултетот за туризам и угостителство Охрид произлезе од заедничката соработка на Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен брокер со овој факултет. Имено СН Осигурителен брокер и Факултетот распишаа конкурс за најдобар истражувачки труд и за најдобар есеј од областа на осигурувањето. Најдобрите трудови ќе бидат наградени, а ова е и дополнителен поттик за студентите да размислуваат, да го унапредуваат знаењето.

На конкурсот можат да се пријават сите студенти од прв циклус на студии на насоката Осигурување при Факултетот за туризам и угостителство УКЛО Битола кои имаат запишано семестар во академската 2020/2021 година.

Секој студент инаку може да конкурира и за најдобар истражувачки труд и за есеј со посебен труд.

Инаку Конкурсот за есеј е тематски и е посветен на осигурувањето, насловен е „Бидете безбедни во секоја фаза од животот“ во која може да се говори за осигурување на животот.

Истражувачкиот труд пак, треба да се изработи по слободен избор и да биде во областа од осигурувањето.

Организаторите на конкурсот велат дека истражувачките трудови и есеи ќе се оценуваат анонимно од посебни Комисии формирани од ФТУ Охрид и СН Осигурителен Брокер АД Битола кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно есеите, a во согласност со критериумите, методолошкиот пристап и упатствата за изработка на истражувачки трудови и есеи од УКЛО Битола.

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-маил адреса:

konkurs@snbroker.mk најдоцна до 10.03.2021 година.

За најдобрите истражувачки трудови и најдобрите есеи се доделуваат плакети и парични награди, и тоа:

1.  Истражувачки труд

– прва награда 30.000 денари
– втора награда 20.000 денари
– трета награда 10.000 денари

2.  Есеј

– прва награда 15.000 денари
– втора награда 10.000 денари
– трета награда 5.000 денари

Повеќе детали овде


Слично

Поврзани вести