Одличен финансиски перформанс и покрај пандемијата, сега нови експозитури во повеќе градови: Експанзија на Капитал банка
И покрај пандемијата, Капитал банка има одлична година зад себе, а позитивниот тренд продолжи и оваа 2021 година. Добриот финансиски перформанс се надополнува со ширењето на мрежата на банката низ земјава – а за да се зголеми достапноста на услугите за клиентите отворени се нови експозитури во центарот на Кавадарци и на Прилеп. Со отворањето на овие нови филијали а и претходно тие во Битола и Куманово, Капитал Банка АД Скопје го прошири семејството на експозитури на вкупно 13 локации, од кои 4 во Скопје, а останатите 9 се надвор од главниот град.

Клиентите на банката од овие градовисега веќе имаат можност да аплицираат за кредитните производи на Капитал Банка со атрактивни фиксни каматни стапки. Банката нуди СУПЕР потрошувачки кредит со фиксна камата од 4,77 проценти во првите 2 години од отплатата, но и атрактивен станбен кредит со фиксна каматна стапка од 2,95 проценти во првите 5 години. Од другите услуги во понудата е бескаматната позајмица – клиентите може да ја изберат промотивната понуда на најповолните депозите за штедење во денари и во евра за физички лица во моментот на пазарот, односно денарскиот депозит „Научи да штедиш“ со фиксна камата до 2,2 проценти на 6 месеци и „Смарт депозитот” со камата од 1 отсто на 9 месеци за штедење во евра како и многу други поволности.
Од Капитал банка велат дека и покрај кризата во Европа со Ковид 19 пандемијата, патот на Капитал Банка, во последните 2 години, е одбележан со огромен успех. Банката ја модернизирала понудата за население и претпријатија, управувањето на односите со клиентите и ги подобрила перформансите квалитативно и квантитативно.
Од неодамна
е промовирано и онлајн отворање депозит, без физичко доаѓање во банката,
односно депозитот може да се оствори од кој било дом, работно место, компјутер
или паметен телефон, со едноставен телефонски повик во Банката и достапност на
средствата предвидени за депозит на било која друга сметка во било која банка
или штедилница во РСМ. Оваа услуга го намалува и ризикот од ширење на вирусот
Covid-19, бидејќи целиот процес се одвива дигитално. Отворањето на овие
референтни експозитури дополнително го потврдува цврстото позиционирање на
Капитал Банка на пазарот.
Оттаму велат дека по одличните резултати лани, во тековната годинабанката ќе продолжи со активна поддршка на физичките и на правните лица. Во време кога економијата и граѓаните и чувствуваат последиците од кризата, банкарската поддршка сега е клучна. Од Капитал велат дека има простор за нови кредитни производи, а најавуваат и иновативна виртуелна експозитура преку која на своите корисници од било кое место и во било кое време ќе им се понуди услуга.
