Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одите на шопинг во Грција, ви следува ли враќање на ДДВ?

Одите на шопинг во Грција, ви следува ли враќање на ДДВ?

Ако одите на шопинг во Грција, побарајте да ви вратат данок на додадена вредност (ДДВ). 

Грција  ја намали границата за враќање ДДВ на купени производи, бела техника и облека во нивната земја за странски државјани.

Тоа значи дека со секоја сметка во износ од повеќе од 50 евра, странските посетители може при заминување од Грција да побараат да им биде вратена сумата од ДДВ.

Ако досега за да ви биде вратен ДДВ беше неопходно најмалата сума на една сметка да биде 120 евра, со одлука на генералниот секретаријат за јавни приходи, сега сумата е  50 евра.

За сметки од 50 до 70 евра ќе ви бидат вратени 6 евра, а ако сте потрошиле од 70 до 120 евра ќе добиете  12 евра. Парите може да ги побарате или на фри-шопот на граничниот премин Богородица или, пак, на конкретните точки за враќање ДДВ за производи купени во странство во Скопје.

Одлуката да се намали сумата за која ќе може да им се врати ДДВ на странските граѓани е донесена за да се поддржат грчките трговски компании, така што нивни производи се нудат без данок. 

Се верува  дека оваа мерка можеби ќе помогне да се зголеми потрошувачката кај странските посетители и туристи во Грција и да се зголеми профитот на грчките трговци. Проценките се дека и во Грција и општо во ЕУ, туристите трошат многу помалку од претходните години. Тоа е така поради намалениот туристички буџет, сумите кои се плаќаат за визите, но и стравот од можни терористички напади.

Грција досега имаше  висока гранична сума за повраток на ДДВ, 120 евра. За споредба, на пример, во Кипар таа сума подолго време е 50 евра, во Португалија е 62 евра, а во Шпанија – 90 евра. 

Слично

Поврзани вести