Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДИ ВО ХАГ: Харадинај повеќе не е премиер на Косово

ОДИ ВО ХАГ: Харадинај повеќе не е премиер на Косово

Премиерот на Косово,  Рамуш Харадинај поднесе оставка на седницата на Влада, а на прес-конференција изјави дека добил покaнa за Специјалниот суд во Хаг.

„Од овој момент не сум повеќе премиер. Следната недела би требало да се појавам во Хаг.Сакав да ја одвојам честа од повикот за на суд. Не оди ниту државата Косово ниту премиерот на суд туку Рамуш Харадинај“, наведе Харадинај.

Оставката е неотповиклива. Потерницата за Харадинај издаде Србија во 2004 година.

Тој се бранеше дека обвинувањата кон него се политички. Тој е обвинет за воени злосторства извршени над Срби за време на косовската војна. 

По демонстрациите на косовските Албанци, во 1989 година тој емигрирал во Швајцарија, каде што е регрутиран во Народното движење на Косово од кое се создала Ослободителна Војска на Косово. Во Албанија, во 1996 година, завршил обука и се приклучил во основањето на терористички бази во градовите Кукс и Тропоја. На Косово доаѓал само илегално, додека во средината на 1997година се вратил трајно во Косово, каде што, со браќата Даути и Шкељзени, организирал терористички напади на полицијата ширум Косово. Во април истата година, станал еден од регионалните команданти на ОВК. 

Слично

Поврзани вести