ОДИ ЛИ КОН МАГИЧНИОТ ВРВ: Биткоинот надмина 50.000 долари
Вредноста на биткоинот на пазарот за криптовалути беше вистинско изненадување утрово. Дали цената ќе се приближи до магичните 64.000 долари од почетокот на оваа година, с епрашуваат многумина особено имателите на криптовалутата.
Цената на биткоинот утрово изнесува 50.068 долари, што е зголемување на вредноста од 1,78 проценти.
Етер, втората најпозната криптовалута, исто така, забележа раст за 24 часа, за 2,09 проценти и во моментов се тргува по цена од 3.328 долари.
И Кардано е во зелено. Неговата вредност се зголеми за 9,31 проценти и сега вреди 2,80 долари.
Биткоинот во април постави рекорд од над 64.000 американски долари, но подоцна во текот на јуни и јули следуваше голема распродажба и пад на цената по што дојде до 30.000 долари. Построгите регулативи на кинеските власти, што доведоа до прекин на копањето на биткоин во Кина и преместување на таа активност во други земји, во голема мера придонесоа за тоа.
Меѓутоа, во средината на јули, започна континуираното закрепнување на пазарот за криптовалути.
Во последните неколку дена, две важни објави имаа позитивно влијание врз движењето на цените на дигиталните пари. Имено, една од водечките трговски крипто платформи, Coinbase, минатата недела објави дека ќе купи крипто -валути во вредност од 500 милиони американски долари и дека ќе одвои 10 отсто од својот профит за портфолиото на крипто средства.
Исто така, компанијата за плаќање преку интернет PayPal објави дека ќе започне нова услуга во Обединетото Кралство за да им овозможи на луѓето да купуваат, чуваат и продаваат дигитални валути.
