ОЏИ, ЗЛАТАРИ, ЛЕКАРИ: Кои се 11-мината осомничени во случајот „Ќелија“?
Кои се 11-мината осомничени во случајот „Ќелија“? Првите уапсени во Македонија за регрутација на борци, логистика и учество во паравоени формации во Сирија и Ирак. Составот на групата е „мешовит“. Има оџа, златар, таксист, вработен во Владата, невработени, како и еден дипломиран лекар. Меѓу нив има и еден Македонец, кој го прифатил исламот.
Првосомничен е 36 годишниот оџа Реџеп Мемиши од џамијата Тутунсус во Скопје. Женет е и татко на две деца. Досега не е осудуван и против него не се води постапка за друго кривично дело. Според обвинението, тој во периодот од септември 2014 до средината на 2015 година, организирал транспорт на македонски граѓани за заминување во Сирија, за да бидат дел од паравоени и параполициски формации преку нивна индокринација со верски и националистички говори и убедувања. На првото рочиште, кое се одржа вчера во Кривичниот суд во Скопје, Мемиши се изјасни како виновен за делото за кое се товари и побара да се спогоди со Обвинителството за висината на казната.
Вториот осомничен е 24 годишен скопјанец Иса Фуга, кој исто така досега не е осудуван. За него обвинителството има докази дека во текот на јануари и февруари 2015 година организирал превоз и обезбедил финансиски средства за лица кои заминуваат за Сирија со цел да земат учество во паравоени формации.
Следен е Абдула Абдулахи, 27 години од Тетово. Женет и е татко на 5 деца. И тој има чисто досие во МВР. Но, во „Ќелија“ е осомничен дека бил логистика на лицата кои заминувале во Сирија и се приклучувале на Исламската држава.
Меѓу осомничените има и вработен во Владата, во сектор за спроведување на рамковниот договор. Ахмет Дарлишта има 31 година и тој имал задача да организира и да дава финансиска помош за борците од Македонија кои заминувале во Сирија. Обвинителството тврди дека има докази за телефонска комуникација со повеќе лица во Сирија кои биле на обука во камп пред да и се приклучат на ИСИС на боиштата.
[caption id="attachment_204966" align="aligncenter" width="510"]
Делото - Учество во странски воени и паравоени формации, во Македонија за прв пат се воведе во ЗКП во септември 2014 година и осомничените во „Ќелија“ се првите уапсени.[/caption]
Фазли Суља има 23 години и работи како златар во Скопје. Тој на 21 февруари 2015 преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ ја напуштил Македонија и заминал за Сирија, каде што учествувал во паравоени формации. Оттаму објавувал и слики на социјалните мрежи заедно со уште еден македонски граѓанин Амет Џингис кој потоа загинал во борбите.
36 годишниот Ерол Рустеми се води како невработен, но според Обвинителството тој бил задолжен за организирање и транспорт на лицата кои патувале во Сирија преку Турција. Парите ги испраќал преку посредник кој им ги распределувал на македонските платеници.
Сејфула Етемовски има 32 години и кога го уапсиле работел во интернет кафе Фаст Бет. Тој прво бил задолжен за логистика и помагање на борците кои и се приклучувале на Исламската држава, а се обидел и самиот да замине за Сирија. Но, не успеал и на 18 март минатата година бил депортиран од Турција на скопскиот аеродром.
Осомничен е и 38 годипниот таксист од Скопје Мухамет Имери, кој одредено време се борел на страната на терористичката група, а во декември 2014 се вратил во Македонија.
Стефан Стефановски е единствениот Македонец во оваа група. Тој има 32 години и е лекар. Не е женет, не е ни осудуван претходно. Стефан од Скопје или Суфијан во Сирија, како што е неговото муслиманско име, го прифатил радикалниот ислам за кој учел под закрила на Тутунсус џамијата. Според обвинителството тој во Сирија бил седум месеци од август 2014 до март 2015 година. На рочиштето се изјасни дека не е виновен за делото за кое се товари, бидејќи се повика на Хипократовата заклетва, дека нема вина за тој кој што им помага на луѓето без разлика на вера, раса и нација.
Мухамед Шеху, 27 години од Гостивар, е невработен, неженет и неосудуван. На крајот на декември 2014 година преку Деве Баир ја напуштил Македонија и заминал за Сирија. А, својата мисија не ја криел и на социјалните мрежи објавувал слики од неговите активности таму.
Најмлад е Ресуљ Саити, кој има 22 години и се товари за логистика на македонски граѓани кои заминувале да се борат на страната на Исламската држава.
Шестмина од нив - Реџеп Мемиши, Ахмет Дарлишта, Фазли Суља, Сејфула Етемовски , Мухамед Шеху и Ресуљ Саити ја признаа вината и во следните 15 дена имаат рок да се спогодат со Обвинителството за висината на казната.
Останатите петмина - Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Ерол Рустеми, Мухамед Имери и Стефан Стефановски не се чувствуваат виновни и нивната вистина ќе ја докажуваат во судска постапка.
Делото - Учество во странски воени и паравоени формации, во Македонија за прв пат се воведе во ЗКП во септември 2014 година и осомничените во „Ќелија“ се првите уапсени.
М.Ј.

Слично