Оџата од Велес се спогоди со обвинителството
Обвинителството во основниот суд Скопје 1 одлучи на Несим Демири, оџата од велешката џамија кој беше фатен како пренесува мигранти од Сирија, да му одреди затворска казна во траење од десет месеци
Од судот информираат дека оџата ја искористил можноста од новиот кривичен закон и без судење со спогодил со обвинителството, по што му била одредена и затворската казна.
Веднаш по спогодбата Демири бил префрлен во затвор каде ќе ја одлежува десетмесечната казна.
Демири, од страна на надлежните служби, беше фатен во близина на Демир Капија како со своето комбе, марка мерцедес вито, пренесува четворица мигранти
Тој беше фатен кај Демир Капија како во својот мерцедес вито пренесува четворица мигранти од Сирија кои илегално влегле во земјава.
Слично
