Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оџата од Велес ќе биде разрешен, ако се докаже дека е виновен

Оџата од Велес ќе биде разрешен, ако се докаже дека е виновен
Исламската верска заедница ќе почека прво да заврши судскиот процес за шверц на мигранти против оџата на велешката „Црна џамија“, а дури потоа ќе заземе став за негово евентуално разрешување. Ова го објави ТВ Телма, повикувајќи се на изјава на реисот Сулејман Реџепи. Оџата Несим Демири заработи 8-дневен притвор за обид да прошверцува четворица сириски државјани преку македонска територија во Србија. За оџата во единствената џамија во Велес ова не е прв скандал - тој често се доведувал во врска со ширење радикален ислам, а пред две години побегнал во Германија наводно со украдени пари од верниците.

„Проблематичниот“ оџа од Велес бегал со љубовница за Германија?

Слично

Поврзани вести