Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одгледувачите на свињи бараат јачмен од стоковите резерви

Одгледувачите на свињи бараат јачмен од стоковите резерви
Високите цени на суровините неопходни за исхрана на животните и немањето доволни количини од сточна храна, се најголем проблем со кој се соочуваат одгледувачите на свињи во Македонија. За да се олесни моменталната состојба,  претставниците од Групацијата за свињарство на денешната средба со министерот за земјоделство Љупчо Димовски, директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски побараа да се отворат стоковите резерви со јачмен. На состанокот, како што информираат од МЗШВ, се дискутирало на повеќе теми, за подобрување на состојбата во свињарството.  За да можат да склучуваат договори со полeделците и да можат побрзо да им ја платат жетвата, претставниците на Групацијата побарале исплатата на субвенциите за сточарите за 2012 година да биде до 30 април годинава, на што министерот Димовски им одговорил дека веќе се воведува динамика во исплатата на субвенциите и оти нивното барање ќе се земе предвид. Како друг значаен проблем од Групацијата за свињарство го истакнале и немањето земјиште на кое би произведувале сточна храна со што долгорочно би го решиле проблемот со набавка на сточна храна.  Министерот Димовски им укажал дека на јавни огласи ќе се дава земјоделско земјиште кое ќе биде наменето само за сточарите и исклучиво за производство на сточна храна. На крајот на состанокот е договорено Министерството да изготви информација за денешниот состанок која ќе се разгледува на наредната седница на Економскиот совет. Побарано е на седницата да  присуствуваат и претставници на Групацијата за свињарство за  да можат ги изложат своите барања.  
Слично

Поврзани вести