Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДЕЊЕТО ВО КАФАНИ И РЕСТОРАНИ СТАНУВА „ИЗГОР“ СКАПО - на годишно ниво цените се зголемиле за скоро пет проценти

ОДЕЊЕТО ВО КАФАНИ И РЕСТОРАНИ СТАНУВА „ИЗГОР“ СКАПО - на годишно ниво цените се зголемиле за скоро пет проценти

Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, но во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Што се однесува пак на годишно ниво, или поточно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година цените на угостителските услуги  се зголемени за 4,8 проценти.

Притоа на годишно ниво, најголем раст е забележан кај категоријата Алкохолни пијалоци од 6,9 отсто, а веднаш зад нив е храната која поскапела за 6 проценти. Ниту безалкохолните пијалоци не заостануваат многу, и кај нив поскапувањето на годишно ниво достигнува 5,9 отсто. Единствено во категоријата ноќевања е забележано намалувае на индиксот и тоа за 0,2 отсто. 



Слично

Поврзани вести