Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбраната тврди: Ножот бил на убиениот матурант

Одбраната тврди: Ножот бил на убиениот матурант
Убиство во самоодбрана - на ова тврдење се темели одбраната на 19-годишниот Насер Ешрефи од Грчец, осомничен дека го убил една година помладиот Ангел Петковски од Ѓорче Петров само затоа што бил фатен како краде велосипед. Ова го изјавил адвокатот на Ешрефи, Рубин Двојаков за весникот на албански јазик Коха. Според одбраната, може да се докаже физичко насилство од страна на жртвата и нејзиниот татко врз Ешрефи, а и ножот кој бил искористен во убиството му припаѓал на убиениот Ангел Петковски. Адвокатот објаснува дека Насер во самоодбрана успеал да го одземе ножот и да го прободе убиениот, а потоа се криел во куќа и самиот и се предал на полицијата кога дошла. Дури подоцна од неговиот адвокат разбрал за смртта на момчето што го прободел.
Слично

Поврзани вести