Одбрана се брани – посетата на Џафери била работна, немало потреба од химни
Вчерашната посета на министерот за одбрана Талат Џафери во Атина имала работен карактер и на таква средба која не е официјална, според протоколарните правила не е обврзувачко интонирањето на националните химни, објаснуваат од Министерството за одбрана, по информациите дека интонирањето на македонската химна била забрането лично од страна грчкиот министер Димитрис Аврамопулос.
„Дезинформација е дека при вчерашната посета на министерот за одбрана Талат Џафери на Атина, неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос го прекинал интонирањето на македонската химна“, велат од Кабинетот на Џафери.
Грчките медиуми, меѓутоа информираат дека Аврамопулос целосно ја исфрлил химната од протоколот за пречек на гостинот, затоа што му пречело што во неа се споменува зборот „Македонија“.
„Затоа за време на свечениот пречек на Џафери имаше само вообичаена инспекција на свечената гарда за дочек, но не и интонација на химните“, објаснува електронскиот весник „Иефимерида“.
Слично
