Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбрана компанија која ќе „му направи ревизија“ на автопатот Миладиновци - Штип

Одбрана компанија која ќе „му направи ревизија“ на автопатот Миладиновци - Штип

Компанијата со македонско-германски капитал  „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“ е избрана од Јавното претпријатие за државни патишта за надзор над изградба на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип по објавениот тендер за дополнителни услуги.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 68.977.995 денари.

Експресниот пат, според предвиденото, требаше да биде завршен во првата половина од минатата година.

„Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“ проектира регионални патишта, магистрални патишта и автопатишта, изработува техничка документација, елаборати за димензионирање на флексибилни коловозни конструкција, ревизија на проект на документација, оптимизација на проектни решенија, консултантски услуги

Според добиениот тендер автопатот Миладиновци – Штип требаше да чини 206 милиони евра,но повеќе од сигурно е дека оваа бројка ќе биде поголема за автопатот кој стартуваше со изградба во 2014-та.

Слично

Поврзани вести