Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбран наследник на министерот кој депортираше шест Турци од Косово

Одбран наследник на министерот кој депортираше шест Турци од Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај одбра нов министер за внатрешни работи откако побара оставка од Фљамур Сефај поради неговото дозволување на акцијата на турската тајна служба за апсење и депортирање на шест турски државјани осомничени дека се Ѓуленисти, односно припадници на терористичката организација ФЕТО зад која постојат сомнежи во Анкара дека го организирала јулскиот воен удар.

Како нов министер за внатрешни работи на Косово е именуван Бејтуш Гаши кој досега ја вршеше функцијата заменик министер на вооружените безбедносни сили.

– Го наименував Бејтуш Гаши за прв човек на Министерството за внатрешни работи, кој до сега беше заменик министер за Коосвските бебзедносни сили. Тој е доктор на науки и професор од областа на безбедноста на Универзитетот во Приштина. На Владата и носи нов квалитет и големо искуство во оваа многу значајна сфера за земјата, објави Харадинај.

Премиерот на Косово претходно ја побара и оставката на директорот на косовската тајна служба Дритон Гаши, но се уште не може да се договори со косовкиот претседател Хашим Тачи кој ќе ја презеде оваа сензитивна функција. 

Фото: Telegrafi

Слично

Поврзани вести