ОДБЛИЗУ: Колкав имот имаат македонските политичари
Колкав е имотот на македонските политичари? Дали Македонија е земја на богати лидери? Зошто никој не сака јавно да зборува за сопственото богатство?
Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија преку документарниот филм за имотната состојба на лидерите на четирите најголеми партии го преставува богатството на Груевски, Ахмети, Заев и Тачи.
Податоците покажуваат дека Груевски станал побогат за седум пати откако е на власт. Заев, според пријавениот имот, е најбогат. Тачи е единствениот кој во Катастарот на недвижности е запишан со осум имотни листови и има куќа од 1 000 квадрати. Ахмети осиромашил, но сепак е милионер.
Документарниот филм на Скуп Македонија е дел од серијалот документарци Одблизу и открива дали политиката била добитната комбинација на лидерите.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=piiRBMcvKRk[/embed]