ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА: Србија нема да го тргне написот БЈРМ
Србија го одби барањето на Македонија да ја тргне таблата поставена на коридорот 10, на која наместо уставното име, стои кратенката БЈРМ.
Според изјавата на спрскиот министер за надворешни работи, Ивиза Дачиќ, главната причина поради која е одбиено барањето, е гласот на Македонија за прием на Косово во УНЕСКО.
- Крајно време е да престанеме да работиме против сопствените интереси. Точно е дека Србија ја признава Македонија под уставното име, за разлика од европските држави, но тоа е направено уште во времето на Слободан Милошевиќ, во деведесеттите години. А Македонија ја призна независноста на Косово, а сега им пречи некаков натпис. На нив сега им пречи таа табла, а нам не треба да ни пречи тоа што во Унеско гласаа за прием на Косово? Несфатливо е што поголем пријател ни е една Индонезија, отколку некои соседни држави “ – изјави Дачиќ.
Спрскиот министер рече дека таблата со кратенката БЈРМ и понатаму останува.
