Одбиени барањата за притвор на осомничените во „Титаник“
Осомничените во акцијата „Титаник“ остануваат на слобода.
Дел од медиумите пренесоа дека судиите од Основниот суд Скопје на претходна постапка ги одбиле барањата за притвор на СЈО и ги напишале решенијата со кои ги ослободуваат од притвор осомничените.
Испитувањата на осомничените кои се појавија во судот траеја до раните утрински часови, а прв Судот во Скопје го напушти Едмонд Темелко кој според официјални информации треба да се јавува секој ден во судот во Ресен бидејќи има двојно државјанство.
Јанакиески си замина нешто пред 03 часот придружуван од адвокатскиот тим.
И двајцата осомничени си заминаа од судот од цивилни возила без изјави за медиумите.
Слично
