Одбиена жалбата на Обвинителството, Кежаровски останува на слобода
Апелациониот суд во Скопје денеска се изјасни за случајот со новинарот Томислав Кежаровски при што жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за условниот отпуст на Кежаровски ја одби како неоснована.
Ова значи дека Кежаровски останува на слобода.
Имено, Јавното обвинителство на 30 јануари поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд за условен отпуст на Кежаровски. Кежаровски беше осуден на четири ипол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, во кој беа товарени лица за нарачано убиство на старец од истоименото велешко село.
Апелциониот суд му ја намали заканата на Кежаровски од четири и пол години на две, откако му се пресмета притворот. По намалувањето на казната, на Кежаровски му остана да одлежи уште три месеци.
Веднаш по одлуката беше спроведен на издржување на казната во затворот во скопската населба Шутко Оризари, но беше ослободен поради влошената здравствена состојба. Кежаровски беше ослободен токму на денот кога се одржа протест против казната затвор на новинарот на кој што протест колегите на новинарот бараа ослободителна пресуда.
