Одбиен предлогот за укинување на радиодифузната такса
Предлогот на опозицискиот СДСМ за укинување на радиодиузната такса беше одбиен на денешната седница на Законодавно-правната комисија.
Од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот, оти за нив е неприфатливо сите да се ослободат од плаќање на радиодифузна такса, бидејќи тоа ќе го оптоварело буџетот, но може да се размислува во правец на тоа пензионерите да се ослободат од оваа давачка.
Од СДСМ претходно предложија измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што граѓаните не би плаќале 190 денари, туку основниот приход на јавниот сервис би се остварувал со зафаќање 0,5 проценти од Буџетот.
Тие сметаат дека преку наплатата на радиодифузната такса наместо да се подобрува јавниот сервис и да биде поприфатлив за граѓаните, тој постојано се менува на штета на корисниците.
